Исламистите од Кавказ се заканија со нови напади за време на Олимпијадата

Исламистите од рускиот Кавказ испратиле видео снимка преку која што се закануваат дека планираат напади во Сочи за време на Олимписките игри кои што започнуваат на седми февруари.

„Што се однесува до Олимписките игри, подготвивме подарок за тебе и за туристите за да ја осветиме крвта на муслиманите која што се пролева низ целиот свет“, се наведува во видео пораката.

Ова 49-минутно видео, насловено како „апелот на Сулејман и Абдурахман пред операцијата во Волгоград“, е претставено како поздравна порака на двајца самоубијци.

Екстремистире повикуваат на џихад не само на Кавказ туку и во големите руски градови и тврдат дека голем број млади луѓе се подготвени да учествуваат во самоубиствените напади, како што беа оние во Волгоград.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.