Исламистите планираат терористички напади на „Егзит“ и „Гуча“?!

Исламистите планираат терористички напади на „Егзит“ и „Гуча“?!

Разузнавачките служби на српското министерство за надворешни работи открија дека терористичките организации планираат напади на два најпознати фестивала во земјата, „Егзит“ и „Гуча“.

Поради тоа, одлучено е нивото на безбедност да биде подигнато на највисоко ниво.

Опасност најмногу демне во Белград, Нови Сад, Ниш, односно на сите поголеми собири, спортски натпревари и концерти на отворено.

Дека состојбата не е воопшто наивна потврдува и фактот што вчера големи полициски сили го обезбедувале локалниот панаѓур во Лозница, каде што секоја година се собираат илјадници посетители.