Исламистите заробиле Србин, сопругата е очајна

Исламистите заробиле Србин, сопругата е очајна
Исламистите заробиле Србин, сопругата е очајна

Срѓан Бабиќ, поранешен телехранител на убиениот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, веќе пет месеци се наоѓа во рацете на исламистите во Либија. Бабиќ е уапсен од исламистичката полиција под нејасни околности, не е воопшто обвинет за некакво кривично дело, а во Србија, според зборовите на неговата сопруга Весна, никој ништо не презема за да го спаси.

Бабиќ влезе во интерес на јавноста по атентатот на Ѓинѓиќ. Имено, на снимката, неколку минути по убиството, се гледа како Бабиќ стопира автомобили да застреланиот премиер што побрзо да се пренесе во болница.

Бабиќ со сопругата. Тој е уапсен од исламистичката полиција под нејасни околности
Бабиќ со сопругата. Тој е уапсен од исламистичката полиција под нејасни околности

Бабиќ после тоа, работел во Либија, во една француска компанија.

По пет месеци во заробеништво, исламистите му дозволиле на Бабиќ да се јави кај своето семејство.

Тој е во многу тешка состојба. Вели дека ослабел 20 килограми и дека 5 месеци не видел сонце. Го држат во соба без светлина. Прво ме праша зошто е затворен. Не знаев што да му одговорам, бидејќи и јас знам исто колку и тој. Значи, ништо, рекла Весна Бабиќ за „Политика