Ким Катрал е тешко болна

Британските медиуми пренесуваат дека актерката Ким Катрал (59) морала да се повлече од драмскиот проект во Лондон само неколку дена пред премиерата.

Катрал, ѕвездата од сериите и филмовите „Сексот и градот“ требало да ја игра главната улога во представата „Линда“, средовечна жена која има амбициозен план да го спаси светот.

– На голема жалост ве известувам дека, по совет од лекарот, нема да можам да настапам на овој проект. Благодарна сум на театарот за разбирањето за мојата тешка здравствена ситуација, соопшти актерката родена во Ливерпул.

– На сите ни е жал што Ким нема да може да продолжи да биде дел од претставата, соопшти директорката на театарот „Ројал корт“, Вики Федерстон.

Лондонските медиуми пренесуваат дека не е познато со кои здравствени проблеми се бори Катрал, но се шпекулира дека се работи за многу сериозна болест.

Ким Катрал е тешко болна
Ким Катрал е тешко болна

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.