Исламска држава фокусирана на Европа

Исламска држава Европа исламисти џихадисти

Во редовите на Исламска држава се борат граѓани од повеќе од 100 земји во светот, а светската јавност доцни со адекватен одговор на тоа.

Ова го рекол директорот на руската Федерална безбедносна служба, Александр Бортников, во својот говор на отворањето на меѓународниот ХIV конгрес на раководителите на специјални служби, органите за безбедност и безбедносните, разузнувачки и контраразузнувачки служби.

Конгресот, на кој главна тема е Исламска држава и нејизниот фокус на Европа, се одржува во Русија, а учествуваат 92 делегации од 64 земји, објавува електронското издание на рускиот весник „Росискаја Газета“, пренесува Нетпрес.

исламска држава европа
Исламска држава е фокусирана на Европа, тврди првиот руски разузнувач Александар Бортников

– Треба отворено да признаеме дека имаме работа со закана од принципелно различен размер – терористичка интернационала во лицето на Исламска држава.

Според нашите оценки, моментно во редовите на Исламска држава има граѓани од повеќе од 100 земји во светот.

Географската позиција на земјите, од каде во џихад заминуваат нови приврзаници на Исламска држава, и разноликоста на нивната етничка и социјална припадност сведочат за тоа дека џихадистите ја држат иницијативата, водат агресивна пропаганда и наметнуваат своја тема на денот.

Светската јавност ретко реагира адекватно и благовремено. Користејќи го тоа, џихадистите, кои се стационирани во Блискиот Исток и во северна Африка, се насочуваат најмногу кон Европа, но и кон Азија, рекол Бортников.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.