Исламска држава наместо во Истанбул, планирала напад во Анкара?

Неодамнешниот напад во Истанбул во кој загинаа 10 лица, според првичните планови на џихадистичката група Исламска држава, требало да биде извршен во Анкара, тврди турскиот весник „Стар“.

Весникот наведува дека извршителот на нападот на истанбулскиот плоштад „Султанахмед“, Сириецот Набил Фадл, првично разгледувал потенцијални цели во Анкара, но поради засилените безбедносни мерки во турскиот главен град, тој по Нова година решил да се откаже од оваа идеја.

– Откако пристигнал во Турција како сириски бегалец, Фадл со автобус доптувал во Анкара на 23 декември. Тој таму минал четири дена во обиколка на градот, наведува „Стар“.

Приближно во истиот период во Анкара турската полиција уапси двајца Турци под сомнеж дека планирале да извршат терористички напад.

Безбедносни извори за весникот тврдат дека Фадл немал никаква врска со уапсените Турци, но поради засилените безбедносни мерки по нивното апсење, тој решил да се откаже од планот за напад во Анкара.

– Во Анкара врне снег, земјата е лизгава, не треба да се излегува надвор, стоело во кодираната што Фадл ја испратил до своите претпоставнеи, по што од Анкара заминал за Истанбул.

Во рамки на истрагата за нападот во Истанбул, турската полиција досега уапси седум лица, а Министерството за внатрешни работи најави дека во најскоро време случајот ќе биде целосно разјаснет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.