петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 30

Исламска држава повторно се закани

Islamska Drzava Libija

Последни вести

Исламска држава објави видео снимка на која џихадист на француски јазик се заканува со нови напари против Западот и егзекуција на отпадниците и шпионите во Ирак.

Снимката е објавена на џихадистичките сајтови, а се наведува дека ја снимила медиумската служба на ИД во ирачката провинција Ниневех.

На снимката, џихадист, кој зборува на француски носи маска, воена униформа и пиштол, а под маската може да се види неговата руса коса.

Снимката, според експертите е направена по париските напади од 13 ноември во кои беа убиени 130 лица, а одговорноста ја презеде ИД.

Џихадистот на снимката се заканува дека ИД ќе изврши напади поради кои Западот ќе заборави на нападите од 11 септември 2001 година во САД, како и на парискиот масакр.

Најчитани вести