Исламска држава се приближува до сирискиот град Алепо

Сирискиот центар за моноторинг на човековите права соопшти дека радикалната групација Исламска држава денеска успеала да се приближи до Алепо, откако ги протерала бунтовничките групи од неколку позиции северно од вториот по големина град во Сирија.

Исламска држава никогаш не била толку близу до Алепо. Ова е најголемото приближување до некогашната економска престолнина на Сирија, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Борците на Исламска држава влегле синоќа во жестоки судири со бунтовничките групации за контрола на три населени места и воената база, која е под контрола од бунтовниците од 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.