Свет

Исламска држава се закани дека ќе разурне саудиски затвори

Исламска држава се закани дека ќе разурне саудиски затвори

Британските медиуми пренесуваат дека Исламска држава (ИД) се заканила дека ќе ги разурне затворите во Саудиска Арабија, во кои се држат џихадисти.

Заканата беше упатена денеска преку Интернет, откако кралството во саботата егзекутира 47 лица, меѓу кои и 43 члена на Ал Каеда.

ИД конкретно ги посочи затворите Ал Хаир и Тарфија, каде се наоѓаат многу нејзини членови.

Во јули минатата година борец на џихадистичката група изврши самоубиствен напад врз контролно-пропустен пункт пред затворот Ал Хаир, во близина на престолнината Ријад.