Исламска Држава тргува со органи?

Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија
Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија

Исламска држава одобрила од заробениците земаат органи за да се спасат животите на муслиманите. Ова го покажуваат неодамна откиените документи на џихадистите, пренесува „Танјуг“.

Тие документи може да бидат доказ дека ИД се финансира и со трговија со чевечки органи.

Имено, во документот од 31-ви јануари годинава, до кои дошол Ројтерс, се дозволува од заробениците да се земаат органи за да се спасат животите на муслиманите иако тоа може да го загрози животот на заробениците.

Откриени зандани каде ИД ги чува заробениците
Откриени зандани каде ИД ги чува заробениците

Тој документ, како што наведуваат американските власти е откриен заедно со други податоци за време на рацијата на специјалните сили на САД во источна Сирија во мај годинава.

-Животот и органите на отпадниците немора да се почитуваат и може неказнето да бидат земени, се наведува во документот што Истражувачкиот комитет на ИД го напишал во облик на фетва или религфиозен закон.

Ројтерс додава дека документот не пружа докази дека ИД се занимава со земање и трговија со органи туку дека постои религиозно одобрение за вршење на тие дејствија.

Ирак и претходно обвинуваше дека ИД зема и тргува со човечки органи за да оствари профит. Американските власти порачуваат дека запленетите податоци и пружиле подобар увид на владата во САД во начинот на кој ИД ги организира, ги добива сретствата и пишува закони за нејзините следбеници.

Амбасадорот на Ирак во ОН, Мохамед ал Алкхим изјавил за Ројтерс дека Советот за безбедност на ОН би требало да ги разгледа документите и да разгледа дали тие се доказ дека ИД се финансира со трговија со органи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.