Исламска држава тврди дека киднапирала Норвежанец и Кинез

Исламска држава тврди дека киднапирала еден норвешки и еден кинески државјанин и бара откуп за нивно ослободување.

Исламска држава на интернет објави фотографија од двајцата мажи, кои се облечени во жолти затворски униформи. Норвежанецот е претставен како Оле Јохан Гримсгард-Офстад (48) од Осло, а Кинезот како Фан Џинхуеј (50) од Пекинг.

Норвешката премиерка Ерна Сулберг во соопштение потврди дека норвешки државјанин е киднапиран во Сирија.

– Тоа е тежок и сложен случај. Правиме напори да го вратиме својот сограѓанин жив и здрав во Норвешка. Не смееме да потклекнеме на притисокот од терористи и криминалци. Норвешка не плаќа откупи, нагласи Сулберг, нагласувајќи дека животот на останатите Норвежани ќе биде во опасност доколку Осло ги исполни барањата на киднаперите.

Во врска со овој случај формиран е специјален кризен штаб со учество на дипломати, воени лица и луѓе од специјалните служби.

Австралија се вклучува во нападите врз Исламска држава

Австралискиот премиер Тони Абот денес соопшти дека военото воздухопловство на земјата ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на групата Исламска држава во Сирија.

– Владата реши да одговори позитивно на молбата на САД за вклучување во воената операција, нагласи Абот.

Како што јави ТАСС, во моментов во база во Обединетите Арапски Емирати се стационирани осум авиони и 400 припадници на Военото водухопловство на Австралија. Досега тие учествуваа само вo напади врз позиции на Исламска држава во Ирак.

Џихадистите сеат страв со новото оружје

islamska-drzava-rusko-oruzjeЏихадистите на Исламска држава сеат страв и трепет кај своите непријатели на боиштата во Сирија со своето најново руско оружје.

Имено, тие успеале да претворат камион кипер од типот БелАЗ, кој во минатото бил користен за изградба на патишта во Сирија, во тешко оклопно возило за напади и за самоубиствени атентати. Фотографија од ова „чудовиште“ била објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

Според непотврдени информации, гигантскиот камион бил фотографиран пред нападот на Исламска држава врз авиобазата Т4, која била под контрола на сириските вооружени сили, а која се наоѓа на околу 100 километри од градот Хомс и на 60 километри од историскиот град Палмира, кој џихадистите го освоија и вопсоставија своја власт пред извесно време.

islamska-drzava-rusko-oruzje1Инаку, базата се смета за стратешко место бидејќи е лоцирана точно на средина меѓу главното упориште и престолнина на Исламска држава Рака, и главниот град на Сирија, Дамаск. Претпоставките се дека во Т4 има огромни количества на борбени авиони, бомби, разновидно тешко оружје и разни видови на армиски возила.

Фотографија на која „чудовиштето“ на Исламска држава БелАЗ е паркирано до камин цистерна, наменет за превоз на нафта.