Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Тексас

Групацијата Исламска држава преку своето радио објави дека е виновна за нападот извршен во неделата врз галерија во американската држава Тексас во која беа изложени карикатури на пророкот Мухамед.

Оттаму велат дека нападот го извршиле двајца нивни војници.

Тие се закануваат до САД со нови напади.

– Ние им кажавме на Америка – она што се подготвува е поголемо и пострашно. Ќе видите ужасни нешта извршени од воини на Исламска држава.

Напаѓачите отворија оган и ранија полицаец од обезбедувањето на центарот во предградие на Далас пред да бидат застрелани. Двајцата мажи се идентификувани како Елтон Симсон и Надир Суфи од Феникс, Аризона.