„Исламска држава“ на колена – Курдите ја добиваат војната и слават победа!

„Исламска држава“ се’ полошо и полошо стои на боиштата во Ирак, а голем проблем има и во Сирија. Сето тоа силно влијаело на моралот на џихадистите, кои според пишувањата на „Фајненшел Тајмс“ почнале да се подготвуваат за напуштање на редовите на „Исламска држава“.

Сепак лидерите и командантите на ИС, таквите случување одлучиле веднаш  и многу брутално да ги сопрат. Потврдена е информацијата дека во сирискиот град Раки, кој се смета за формално седиште на „Исламска држава“, убиени се дури 100 борци на терористичката група, кои пристигнале од сите страни на светот за да се борат за „славата на калифатот“.

За ИС се’ одеше одлично додека освојуваа градови, убиваа недолжни цивили, и тргуваа со заробени жени.

Но, откако состојбата на боиштата почнала да не им оди во нивна корист, пред се’ поради формирањето на меѓународната коалиција која почна со интензивни воздушни напади врз позициите на ИС, чии борци уште од крајот на август, годинава, постојано се обидуваа но никако неможеа да го освојат градот Кобане на сириско-турската граница, така и интересот на странците за стпаување во редовите на злосторничката група почнал да опаѓа.

kurdi

Минатата недела „Исламска држава“ претрпела исклучително тежок пораз, кога курдските сили успеале да ја разбијат нивната блокада на планината Синџар и така да дојдат до неколку илјади Језиди, кои таму биле држени под воен обрач веќе неколку месеци.

Имено, таа специфична етничко-религиска група се најде под удар на џихадистите на почетокот на август, годинава, и во мементите кога повеќе од јасно бепе дека ќе доживее геноцид, САД се вклучија и спроведоа интенизвни воени напади од воздух. Потоа курдските сили добиле потребна помош во борбена опрема и воени советници од САД и од Велика Британија, и по куси борби успеале да ги истераат џихадистите на „Исламска држава“ од градот Ирбил, а потоа ја презеле од нив и браната кај градот Мосул.

По овие случувања, ирачките сили, помогнати од иранските, успеаа да ги исфрлат ИС од неколку десетина градови и села во близина на главниот град Багдад. Моментно траат борбите за градот на Јазидите, Синџар. Според курдски извори, воопшто не станува збор дали џихадистите ќе бидат истерани од него. Во Сирија, пак, нема никакви успеси за ИС околу освојувањето на Кобане, ниту пак има некако воен успех околу градот Алепо.

IS

Шефот на ирачките Курди, Масуд Барзани, вчера славел воена победа остварена во изминатите неколку денови над „Исламска држава“ и ја посетил планината Синџар, која џихадистите ја држеа под опсада со месеци.

„Во текот на изминатите 48 часа, ослободени се и отворени се главните патишта до Синџар“, рекол Барзани  зборувајќи за големата офанзива, која пред пет денови ја покренале околу 8.000 курдски борци.

Со поддршката од воздушните напади на меѓународната коалиција, Курдите успеале да ја разбијат повеќемесечната опсада на џихадистите и така да им зададат силни удари во тој регион, кој граничи со Сирија. Берзани рекол дека не се надевале на сите тие воени победи, и додал дека голем дел од центарот на градот Синџар, е исто така ослободен.

Претседателот на автономниот регион Курдистан  рекол дека можни се учества на курдските борци во идни воени операции  за ослободување на Мосул, вториот град во Ирак кој е во рацете на „Исламска држава“.

„Ќе учествуваме ако тоа го побара ирачката влада и секако дека ќе поставиме наши услови“, дополнил тоа.

Огфанзивата на планината Синџар е најголемата која курдските сили ја воделе против „Исламска држава“. Со таа офанзива Курдите освоиле 700 квадратни километри територија и го засилиле своето влијание на северот од земјата.