Исламска држава освои нови територии во северна Сирија

Исламска држава презедe контрола врз нови територии во северниот дел на Сирија во близина на границата со Турција.

Како што соопшти Центарот за мониторинг на човековите права, по жестоките судири со сириските бунтовници поддржувани од Западот, џихадистите го зазеле градот Соран Аваз и околните села, низ кои минува главниот пат што води кон преминот Баб ал Салам на границата меѓу сириската провинција Алепо и турскиот округ Килис.

Според Центарот, загубата на Соран Азаз претставува тежок пораз за бунтовничкиот фронт Џабат ал Шамија, бидејќи сега неговите борци остануваат отсечени од Алепо.

Фронтот беше формиран во Алепо со цел да ги обедини различните бунтовнички групи, кои се бореа против сириските владини сили и ИД, но кои често војуваа и меѓусебно.

Бунтовнички команданти во изјави за западните медиуми тврдат дека новите оосвојувања на ИД ги нарушиле нивните планови за масовна офанзива пред светиот муслимански празник Рамазан, за освојување на подрачјата западно од Алепо, што сега се под контрола на сириските владини сили.