Свет

Исламска држава тврди дека има 71 борци во САД

Исламска држава тврди дека има 71 борци во САД

Исламска држава објави дека на територијата на САД има 71 припадници кои се подготвени за борба.

Паравоената исламистичка формација истакнува дека свои припадници има во Вирџинија, во Мериленд, во Илиноис, во Калифорнија и во Мичиген, пренесува МИА.

– Имаме 71 обучени борци во 15 разлчни држави во САД. Тие се подготвени на наш збор да ја нападнат секоја цел која ќе одбериме, се наведува во соопштението на ИД.

Џихадистичката група тврди дека 23 борци се обучени да извршат напади слични како нападот во Тексас, на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед.