Исламската држава ја урна историската џамија ал-Нури во Мосул

Екстремните сунитски бунтовници од терористичката организација Исламска држава ја раснесоа во средата познатата голема џамија Ал-Нури и нејзиното косо минере во Мосул, објави ирачката војска, додека џихадистите за тоа ги обвинуваат САД.

Од таа средновековна џамија челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдад, о летото 2014 година го прогласи „калифатот“ на големите тероритории во Сирија и во Ирак коишто ги заземаа сунитските џихадисти со нивнат ненадејна офанзива.

Новинската агенција Amaq, којашто служи како гласило на Исламската држава, за уривање на знаменитата џамија, пак, ги обвинува американските воздушни сили кои дејствуваат како поддршка на копнената операција на ирачките сили во офанзивата џихадистите да бидат протерани од вториот по големина град во земајта Мосул.

„Припадниците на Исламската држава извршија уште едно историско злосторство разнесуваји ја џамијата ал-Нури и минарето ал-Хабда“, соопшти ирачката армија.

Ескплозиите во коишто овој верски објект е раснесен се случиле додака елитните ирачки антитерористички сли CTS се приближиле на околу 50 метри од џамијата во мосулското древно градски јадри познато како Стариот град, се додава во соопштението.

Ирачката војска објави во средата дека тргнува во пробив кон џамијата. Меѓународната коалиција прводена од САД дава воздушна поддршка на оваа офанзива којашто започна ланскиот октомври.

Ирачките сили помогнати од локалните шиитски и сунитски милиции во вторникот го опколија упориштетот на џихадистите до Стариот град, последниот кварт од мосул кој и натаму е под нивна контрола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.