„Исламската држава“ раполага со една до две милијади долари

Радикалната групација Исламска држава (ИД) раполага со една до две милијади долари за да ја финансира својата војна за воспоставување на „Исламски Калифат“, објави денеска француското списание „Нувел обсерватор“.

Според списанието, додека се бореле во Сирија против режимот на претседателот Башар ал Асад, фундаменталистите добивале голема финансиска поддршка од приватни лица и државни иституции од земји од Персискиот Залив.

Групацијата, додава списанието, има сопствени иззвори на приходи. Само со преземање на Мосул, ИД се снабдила со 400 милиони долари од една локална банка. Освен тоа исламистите извршуваат рекет и земаат „револуционерен данок“ од луѓето на заземените територии во Сирија и во Ирак.

Важен извор на приход се и парите добиени како откуп за ослободување на заложниците, пишува  „Нувел обсерватор“ и додава дека исламистите им продаваат нафта на мафијашки групи во странство, која ја добиваат од наоѓалиштата што се под нивна контрола, од што заработуваат по околу еден милион долари дневно.

Според списанието, терористичката групација станува се попрофесионална и борбено способна. Таа е мошне добро опремена и за неа работат експерти со дипломи од САД и Германија.

„Нувел обсерватор“ потсетува дека Ал Каеда потрошила „само“ еден милион долари за да ги изврши нападите во САД на 11 септември 2001 година и додава дека со воен буџет од една до две милијарди долари, ИД е најбогатата терористичка група во историјата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.