Исламската држава заплени три сириски авиони

Џихадистичката групација „Исламска држава“ успеа да заплени три воени авиони од сириската армија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Поранешни офицери од ирачката армија ги обучуваат на воениот аеродром во северната сириска провинција Алепо џихадистите да летаат со авиони за кои се претпоставува дека се Миг-21 и Миг-23, нагласи Центарот.

Локални извори изјави дека најмалку еден таков авион е забележан како лета на мала височина во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.