„Исламски Калифат“ се закани со бомба на летот за Хамбург

Сите летови на аеродромот во Хамбург се откажани откако полицијата доби закана дека во авионот што лета од Минхен има бомба.

Како што пренесува „Индепендент“ заканата наводно стасала од „Исламскиот калифат во Европа“.

Во авионот во тој миг се наоѓале 170 патници и 7 членови на екипажот. Сите авиони на лет до и од Хамбург се приземјени, а откако слетал и авионот од типот Ербас А320 полицијата го пребарала авионот, но не ја нашла бомбата.