Исланд: Пратеничка дои бебе на собраниската говорница (ВИДЕО)

Пратеничката на исландскиот парламент Унур Бра Конрадсдотир, држела говор и истовремено ја доела својата месец и пол стара ќерка, на телевизиски пренос во живо.

Како што вели таа: „Tоа е најприродна работа во светот”.

Унур, инаку пратеничка на десно ориентираната Партија за независност, вели за AFPдека ни на неа, ниту на бебето, ниту на било кој друг ова не му пречело.

„Напротив, би ѝ пречело доколку престанев да ја хранам додека зборувам”, рекла Унур, мајка на три деца.

Исландските медиуми јавуваат дека тоа се случило за прв пат во историјата на оваа земја, која на светот ја дала првата демократски избрана жена на чело на држава, кога во 1980. година Вигдис Финбогатодотир станала претседателка на Исланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.