Исмламистите ќе нападнат голем американски град?

Американскиот сенатор Џин Инхоф, кој воедно и е член на влијателната сенаторска комисија за вооружени сили, тврди дека џихадистите од групата Исламска држава, позната како ИСИЛ подготвуваат план за напад на еден голем американски град.

– Тие се компелтни лудаци и забрзано развиваат начин како да кренат во воздух американски град, но луѓето едноставно не сакаат да веруваат во тоа, вели Инхоф.

Тој не кажува детали за неговото тврдење, но факт е дека членовите на комисијата имаат пристап до многу класифицирани податоци од разузнавачката заедница на САД.