Како правилно да ја исперете долната облека

Жените сакаат да имаат убава и модерна долна облека, посебно фина, поскапа, нежна и чувствителна на перење. Затоа вечната дилема е како правилно да ја исперете долната облека и дали смееме да ја ставиме во машина за перење?

Сопственичката на луксузниот њујоршки бутик Журнел, Клара Камбер, ги сподели нејзините совети со сите жени:

Машината за перење алишта дефинитивно треба да ја избегнувате. За вашата долна облека подолго да трае производителите советуваат: се треба да се пере на рака. Комбинирајте слични бои во леген или во умивалник наполнет со топла вода, но никако со врела и додавајте детергент наменет за чувствителни материјали.

Исперете го неколку пати, нежно исцедете го и ставете го на рамна површина да се суши. Никако на јаже и никако со употреба на штипки, во спротивно ќе го уништите.

Како правилно да ја исперете долната облека
Како правилно да ја исперете долната облека

Ако немате време за рачно перење и морате да користите машина за перење, тогаш изберете бавна центрифуга со топла, а не со врела вода. Ставете ја долната облека во платнена вреќичка за да бидете сигурни дека нема да ја оштетите и користете го истиот детергент како за рачно перење и никогаш немојте да користите машина за сушење.

Градниците треба да се перат по пет до седум носење и во гардароберот треба да ги ставите едни врз други или едни зад други со раширени корпи.

Се препорачува да секојдневно да го менувате градникот, а не да носите еден градник цела недела. Имено, одморот ќе им дозволи на растегливите материјали да се вратат во правилниот облик. Ако добро се грижите за вашиот градник, истиот може да потрае минимално една година.