Македонија,Економија

Исплатена мајската пензија на пензионерите

Исплатена мајската пензија на пензионерите

Министерството за финансии денеска ја исплати мајската пензија. На сметките на 286.400 пензионери префрлени се 3 милијарди 571 милион денари.

Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата.

Денес се исплатени и 6,3 милиони денари за спортски пензии, пензии за национални уметници, надоместоци за талентирани спортисти и награди за спортски тренери.