Исплатена постојана парична помош зголемена за 5 отсто

На околу 6.000 приматели, вчера им беше исплатена постојана парична помош вчера со ветеното зголемување од пет проценти. За ова денес информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Минатата недела извршивме реализација на зголемувањето на социјалната парична пом ош, како што најавивме во текот на вчерашниот ден беше исплатена постојаната парична помош зголемена за 5 проценти. Оваа постојана парична пом ош е за материјално необезбедените работно неспособни граѓани кои што се со потешка инвалидност. Околу 6.000 веќе добија на своите сметки зголемена постојана парична помош. За реализација на ова ветување на Владата на Република Македонија за овој проект се издвјуваат околу 17 милиони денари дополнително за реализација на ова зголемување од 5 проценти. Инаку постојаната парична помош досега изминатите години е зголемена за 68,5 проценти, што е огромно зголемување. Од околу 3.000 денари колку што изнесуваше постојаната парична помош во 2006-тата, денес изнесува околу 6.200 денари што е значајно зголемување за оние категории граѓани што се наоѓаат во социјален ризик, информира Спасов.