Исплатени 130 милиони денари субвенции за градинарство

На сметките на 8.595 земјоделци денеска се исплатени 130.000.000 денари субвенции како финансиска поддршка за површини со градинарски култури, соопштуваат од Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа од 25.000 до 30.000 денари по хектар засадена површина со градинарски култури.

Од Министерството нагласуваат дека владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина да го поддржува градинарството со субвенции, како и сите останати гранки во земјоделството.