Исплатени 227 милиони денари субвенции на земјоделци

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8711 земјоделци за произведено млеко и за други мерки за поддршка на земјодлеството.

За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко исплатени 206 милиони денари
За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко исплатени 206 милиони денари

За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко на 8.562 земјоделци исплатени им се 206 милиони денари субвенции.

За поддршка на сточарствтото исплатени се и 3 милиони денари по основ одбележани грла овци и за угинати овци и кози од болеста син јазик.

За домашен лозов калем исплатени се 14 милиони денари финансиска поддршка. Мерката изнесува 25 денари по лозов калем.

Исто така исплатени се 1,4 милиони денари субвенции за поддршка на градинарско производство на отворено и под пластеници.

За здружувања за земјоделско производство исплатени се 2,2 милиони денари субвенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.