Исплатени 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Инженерка и инвеститор „лапнале“ милиони преку измами

На сметките на 15.663 сточари Министерството за финансии префрли 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда.

Поддршката по обележано грло говедо изнесува 2.800 денари. Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделието како една од носечките гранки на македонското стопанство со поголем број мерки, во кои се вбројуваат и исплатата на субвенциите.