Исплатени 80 милиони евра отштета за исчезнатиот малезиски авион

Осигурителните компании исплатија 67 милиони фунти (80 милиони евра) отштета за исчезнатите во авионот на малезиската компанија „Малезијан ерлајнс“ иако мистерија и понатаму ја следи судбината на 239 патници и членови на екипажот на Боинг 777, кој се изгуби од радар пред 16 дена, пишува Дејли мејл.

Надоместокот пристигнал на адреса на семејствата на исчезнатите на летот МХ370, бидејќи малезиската авиокомпанија ја покрива локална осигурителна куќа која најголем дел од ризикот го префрлила на осигурителната куќа „Лојд“.

Иако официјално не е потврдено дека авионот на летот од Куала Лупур до Пекинг на 8 март се срушил, сеедно, бидејќи стандардната процедура предвидува дека секој авион кој не слетал или примил гориво на земјата, во рок од 48 часа се смета за „уништен“.

„Дејли мејл“ наведува дека вкупната исплата се состои од дел кој се однесува на самиот исчезнат авион на малезиската компанија, плус отштета на семејствата на исчезнатите патници. Иако, до сега е исплатен надоместок за оние членови на семејствата кои отсуствувале од работа или се соочуваат со други трошоци како резултата на исчезнување на роднините.

Доколку се утврди дека некои или сите 239 луѓе во авионот загинале, семејствата ќе добијат отштета во вид на премија за животно осигурување.

Според меѓународните правила, авиокомпаниите се обврзани да исплатат минимум од 125.500 евра по загинат патник и дополнителни парични износи доколку авиокомпанијата е виновна за грешката, па таа одговорност се побарува и дели на 20 различни осигурителни куќи.

„Дејли мејл“ наведува дека од „Лојд“ внимателно ги следат обидите да се влезе во трага на исчезнатиот авион и дека компанијата „Атриум“ која покрива ризик од тероризам, како дел од конзорциумот на лондонската осигурителна куќа, ќе мора да исплати дополнителни 20 отсто доколку се докаже дека исчезнувањето на малезискиот авион е резултат на теророристички напад.