Исплатени премиите за Европското првенство во Данска

Ракометната федерација на Македонија им ја исплати ветената премија од вкупно 30.000 евра на репрезентативците и стручниот штаб за пласманот во втората фаза од европското првенство во Данска. 

Парите се веќе „легнати“ на сметките на сите што дадоа придонес за пласманот во втората фаза, кога во конкуренција на Данска, Чешка и Австрија, го освоивме второто место со една победа, едно реми и пораз, што е најдобар успех на машката репрезентација во првата фаза од едно континентално натпреварување.