Исплатени штетите од поплавите во Штип

Исплатени штетите од поплавите во Штип
Исплатени штетите од поплавите во Штип
Општина Штип и Владата на Република Македонија на 75 домаќинства од штипскиот регион им ги исплатија штетите од минатогодишните поплави.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека на сметките на земјоделците и на сопствениците на викенд куќи за штетите, кои ги имаа од поплавите во нивните објекти или фарми  се исплатени 2.241.010 денари.

– За разлика од порано кога се исплаќаше само 15 отсто од утврдената штета, сега станува збор за 100 отсто обештетување што беше најавено од поранешниот премиер и претставници на Владата на Република Македонија при ланската посета во Штип, кога се случија поплавите, на крајот на јануари и во февруари 2015 година, рече Ристов.

Тој додаде дека пред неколку месеци се исплатени и штетите од поплавите, кои ги имаа земјоделците на нивните ниви и земјоделски култури.