Исплатени субвенции и отштета на земјоделците од поплавите

Педесет и два милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава исплати денес владата на Република Македонија.

Како што соопшти Министерството за финансии, дел од средствата од вкупниот износ, се исплатени за отштета на земјоделците од поплавите. За поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила.

Исплатени субвенции и отштета на земјоделците од поплавите
Исплатени субвенции и отштета на земјоделците од поплавите

За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари. Од тоа 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за инвестициони вложувања, 1 милион денари за помош на млади земјоделци, 0,9 милиони денари за кози, 0,5 милиони денари за пчели, 0,5 милиони денари за техничка помош за рибарство и 0,3 милиони денари за приплодни маторици, соопштуваат од Министерството за финансии.

Исплатени субвенции и отштета на земјоделците од поплавите
Исплатени субвенции и отштета на земјоделците од поплавите

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.