Исплатени субвенции во висина од 440,4 милиони денари

Министерството за финансии денеска исплати субвениции во висина од 440,4 милиони денари на 15.469 земјоделци по повеќе основи.

Имено, за произведено и продадено, кравјо, овчо и козјо млеко исплатени се 271,5 милиони денари на 14.498 сточари, при што висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

За поддршка на сточарството исплатени се и 168,9 милиони денари на 971 сточар за обележани грла овци. Висината на поддршката за обележани грла овци изнесува 1.000 денари по грло.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии продолжуваат со поддршка на земјоделството преку исплата на субвенции за стимулирање на оваа носечка економска гранка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.