Македонија

Исплатени субвенции за сончоглед, ориз и добиточна храна

Исплатени субвенции за сончоглед, ориз и добиточна храна

На сметките на 17.630 земјоделци денеска се префрлени 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури, соопштуваат од Министерството за финансии.

За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1000 денари по хектар за одржување обработлива површина.

За сончоглед и ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури.

Министерството во соопштението упатено до јавноста нагласува дека Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи да го поддржува земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство преку повеќе мерки меѓу кои и исплата на субвенции.