среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Исполнете го домот со позитивна енергија со помош на свеќи

Ако животот ви е помалку здодевен и рутински, без задоволства, еден од елементите на фенг шуи што моментално ќе ви помогне се свеќите.

svekji-feng-shui

Поврзани вести

Ако животот ви е помалку здодевен и рутински, без задоволства, еден од елементите на фенг шуи што моментално ќе ви помогне се свеќите.

Запалете свеќи и топлината и позитивната енергија ќе дојдат сами по себе. Еве неколку совети за тоа кои свеќи да ги користите и она што е најважно – каде да ги ставите.

Напомена: Поради сигурност, секогаш користете свеќници, водете сметка за пламенот. Оддалечете ги свеќите од завесите. Обидете се да користите колку е можно поприродни свеќи, без парафин, со природни бои и мириси.

Црвени свеќи – за посилна љубов

Свеќите се мошне корисни кога сакате да истакнете нешто како важно и посебно. Ако веќе некое време се чувствувате занемарено, на пример, од страна на партнерот, ставете девет црвени свеќички во средниот дел што е најоддалечен од влезот во просторот на дневната соба. Овие свеќи треба да ги палите во доцните попладневни часови.

Свеќа во каминот – за повеќе ентузијазам

Ако во станот имате камин што многу ретко или никогаш не го палите, тоа може да биде причина зошто ви недостига ентузијазам во животот. Со поставувањето на свеќите во отворот на каминот (на местото на ложиштето) би можеле да откриете нова и поведра смисла на постоењето. На тоа место свеќите палете ги барем еднаш неделно.

Изберете ја бојата што одговара на положбата на каминот во просторот. На пример: ако каминот се наоѓа на влезниот ѕид, изберете сини свеќи. Каминот што се наоѓа во левиот дек од станот (просторијата) погоден е за палење зелени свеќи. Доколку е во десниот дел од куќата или од станот, изберете бели свеќи. Ако каминот е на спротивното најоддалечено место од влезот во просторијата, употребете црвени свеќи.

Зелени свеќи – за будење на енергијата (повеќе на следната страница)

Најчитани вести