Исполнете го домот со позитивна енергија со помош на свеќи

Зелени свеќи – за будење на енергијата

Доколку некоја просторија ви делува како помалку студена и депресивна, има премногу јин енергија. Потребно е што е можно побрзо да се поттикне јанг енергијата, а тоа веднаш ќе го постигнете со групирање на три зелени свеќи веднаш до влезот. Ако не ви се допаѓаат миризливи свеќи, изберете мирис на лаванда или бергамот.

Девет црвени свеќи – за добар баланс во домот

svekji-feng-shui-2

Ако имате обичај врз себе си да преземате повеќе отколку што можете, имате премногу елементи на дрво во вашиот дом. Добар начин да се пронајде потребната рамнотежа помеѓу „да мислиш и да можеш“ е да се спроведе фенг шуи како лек со свеќи. Поставете девет црвени свеќи во средишниот дел од левата страна на домот, просторијата, куќата. Овие свеќи палете ги претпладне или секое утро.

Сини свеќи – за креативност и подобра инспирација

Кога животот ќе стане помалку досаден и рутински, нужно ви е потребна инспирација. Внимателно поставените свеќи ќе ви го пружат токму тоа. Поставете осум сини свеќи во левиот агол од вашиот дом, просторијата во која поминувате најмногу време. Палете ги секој ден по можност во вечерените часови. Ако преферирате миризливи свеќи, изберете удобна арома на лимон или рузмарин.

svekji-feng-shui-3Жолти свеќи – за подобро здравје

Ако страдате од слаба циркулација, артритис, уморни очи или сува кожа и во овој случај според фенг шуи свеќите може да ви помогнат и да ве излекуваат. Поставете пет жолти свеќи на кујнската маса и палете ги еднаш дневно. Најдобри за таа цел се свеќите со квадратен облик во пресекот.