Мисајловски: Се реализира ветувањето за нов водоводен систем ви Долно Количани

Започна изградбата на нов водоснабдителен систем во село Количани, Општина Студеничани.

Се очекува за околу 5 месеци да биде реализирана првата фаза од проектот за потоа да следи уште една фаза за која општината повторно ќе добие помош од министерството.

При посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на ова село, жителите како најгорлив проблем тогаш го истакнаа снабдувањето со вода. Тогаш Груевски им вети дека ќе се разгледа ова прашање, иако станува збор за обврска на самата општина. Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски ги посети граѓаните од Количани и директно им соопшти дека ова ветување ќе се реализира и ќе започне изградбата на водоснабдителен систем со директна поддршка од централната власт.

Мисајловски посочи дека реализацијата на овој проект можел да почне и порано, но поради доцнење на дозвола за градба од страна на општината, водоснабдителниот систем ќе започне да се гради деновиве.

Сакам да ги информирам сите граѓани во ова населено места дека ова е завршено. Министерството за транспорт и врски веднаш започна со изнаоѓање на средства, со пренамена на ставки, се обезбедија средствата и чекавме веќе подолго време да се добие одобрение за градење . Општината ни даде едно одобрение за градење, но го вративме бидејќи не беше комплетно, не ги исполнуваше сите законски одредби кои се бараат. Веќе тоа е надминато, вчера го добивме одобрението. Започнуваме со проектот што го ветивме пред вас и во наредните 5 месеци со вложување од околу 100.000 евра ќе започнеме со 3,5 километарски цевковод и каптажа која ќе ја изградиме ние преку Министерството за транспорт и врски. Со тоа вашето барање ќе биде реализирано, истакна Мисајловски.

Мисајловски посочи дека за околу 5 месеци ќе биде реализирана првата фаза од проектот за потоа да следи уште една фаза за која општината повторно ќе добие помош од министерството.

Потоа ќе следи уште една процедура која треба заедно со општината да ја изработиме. Секако тоа е обврска на општината, но ние како централна власт ќе помогнеме бидејќи дадовме дека ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето. Ако општината може сама тоа да го направи секако ние со сите расположливи ресурси ќе помогнеме, но доколку тоа не го направи ќе гледаме ние како централна власт да го направиме, рече Мисајловски.

Тој потенцираше денеска ќе се направи примопредавање на трасата и овие денови интензивно ќе започнува градбата.