Македонија

Исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ

Исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ
Исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го поздрави договорот што го постигнаа партиските лидери за надминување на политичката криза во Македонија.

– Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ, изјави Бејли по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР, пренесува МИА.

Ве уверувам, рече тој, дека САД заедно со нашите партнери ЕУ и ОБСЕ ќе бидат заедно за да помогнат во напредокот на Македонија.

Бејли ги поздрави напорите на еврокомесарот Хан и на сите други од ЕУ за да и помогне на Македонија да ги надмине проблемите и да зачекори напред.

Американскиот амбасадор Бејли им се заблагодари и на новинарите кои во текот на вчерашниот ден со часови чекаа резултати од работата  и потенцира дека медиумите се битен чинител во овој процес.