Исповед на авторката на “Ѓавол на куќниот праг”: Преку ден ученичка, навечер сексуална родинка

Авторката на книгата “Ѓавол на куќниот праг”, Анабела Форест тврди дека нејзината мајка, која била член на секта, ја натерала да спие со 1.800 мажи пред да наполни 18 години. Таа во книгата го опишала пеколот кој го преживувала од седмата година.

Уште како девојче морала да гледа како мајка и сексуално го задоволува водачот на култот Колин Бетли, кој повеќе пати ја силувал кога наполнила 11 години. Три години подоцна била приморана да учествува во групен секс со мајка и, комшиите, како и со Бетли, кој подоцна и станал очув.

Полицијата во 2011. година поради злоставување на детето ги уапсила Жаклин Марлинг, Бетли, неговата бивша сопруга и една проститутка која често доаѓала во нивната куќа. Сведоците на суд раскажале како во недела навечер се собирале во куќата на водачот, каде тој имал секс со децата и со своите следбеници. Тој ги убедувал дека децата преку секс со возрасни се приближуваат кон Бог. Анабела се обидела да изврши самоубиство, откако мајка и ја силувала.

– Преку ден бев ученичка, а навечер сексуална робинка. Беше толку ужасно што пробав да се самоубијам, наведува Анабела, која на 17 години останала трудна од очувот и одлучила да побегне среде ноќ.

Таа не видела никој се до судењето, кога очекувала каење и објаснување од својата мајка дека била под влијание на водачот на култот.

– Мајка ми само ме праша што правам во судницата. Меѓутоа, треба да живееме за иднината. Ништо неможе да ме повреди како нив двајца, но поради тоа сум посилна, вели Анабела, додавајќи дека се надева дека со објавувањето на книгата ќе го сврти вниманието кон злоставувањето на деца, кое се случува насекаде околу нас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.