Исповед на една нимфоманка – спиев со 300 луѓе

Дваесет и четиригодишната Неса Џеј од британскиот град Норфолк тврди дека е зависничка од секс.

Таа раскажува дека досега спиела со повеќе од 300 различни луѓе и дека секој ден поминува најмалку по пет часа во секс или самозадоволување.

Но, Неса тврди дека зависноста од сексот и’ го уништува животот и дека почнала со терапија за да се обиде да го ублажи својот сексуален апетит.

„Ми се потат дланките, лута сум и морам себе некако да си помогнам ако дневно не искусам барем пет оргазми. Со текот на годините успеав малку да се припитомам, но на својот врв, кога имав 19 години, имав секс со секој со кој можев“, раскажува младата Британка.

Раскажала и дека има секс пет пати на ден, а зависноста и’ се појавува веднаш по губењето на невиноста на 16 години. За живот заработува со рецензирање на играчки за секс, но освен тоа има и неколку редовни партнери кои и’ „ја задоволуваат желбата“.

За британскиот весник „Сан“ вели:

„Ако немам секс, тогаш пишувам за тоа, читам или дури ги образувам пријателите кои во спалната соба не се така самоуверени како мене.“

Признава и’ дека има секс со двата пола и дека ужива во „акција во тројка“. Опишувајќи како им пристапува на странци со повици за секс вели: „Флертувам со очите со луѓето кои ми се допаѓаат. Прво разговарам кратко за да бидам сигурна дека не се опасни или чудни, но еднаш кога ќе се уверам дека се ок, одиме дома заедно.“

Тврди дека за неа обична врска не е можно бидејќи еден партнер не може да се носи со нејзиното либидо, а она што го практикува го нарекува „мрежа од сексуални партнери“. Освен тоа, нејзиното однесување ја оддалечило од сите пријатели, кои се плашат дека во одреден момент „ќе ги нападне нивните избраници.“

Неса порачува дека би сакала да ја подигне свеста за нимфоманијата и дека се надева дека општеството би можело да ги прифати нимфоманите како „нормални луѓе“. Се надевам  дека луѓето кои мислат дека нимфоманијата е болест ќе ме видат мене и ќе видат дека сум целосно здрава. Не можам да го промена тоа која сум и што сум, но и’ не сакам“.