Исповед на гевгеличанката која сопругот ја запали жива

Жаклина Стошиќ (46) од гевгелиското село Миравци пред две години жива гореше и за влакно успеа да се спаси од смртта, објави Вест.

По куса расправија во нивниот дом, со бензин ја полеа и ја запали сопругот Драган Стошиќ. За две години, Жаклина успеа, со 15 пластични операции, да ги залечи раните на телото, ама не и душата.

Основниот суд од Велес во 2013-та го осуди 50-годишниот Драган Стошиќ од гевгелиското село Миравци на 10 години затвор оти жива ја запалил сопругата Жаклина Стошиќ.

Настанот се случил на верскиот празник Водици. По расправија помеѓу брачните другари, а додека Жаклина подготвувала ручек, Драган отишол и земал шише со бензин. Ја полеал својата сопруга и со запалка ја запалил.

Жаклина целата во оган истрчала веднаш на улица и побарала помош, а случајни минувачи ја гаснеле со вода. Веднаш била пренесена во болницата во Гевгелија, но поради тешките повреди била итно префрлена на скопските клиники. Жаклина останала жива, но, на поголем дел од телото има изгореници, а лицето и е нагрдено.

Драган во завршниот збор изрази жалење за стореното. И се извини на сопругата и на четирите деца. Рече дека бил пијан кога го сторил делото. Жаклина на судењето не побара материјален надомест за претрпената болка и повреди.

За потресната приказна на Жаклина Стошиќ повеќе прочитајте на Вест.мк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.