Свет

Исповед на ќерката на американскиот „насмеан убиец“

Исповед на ќерката на американскиот „насмеан убиец“

Кит Џепресон во САД е познат како „насмеаниот убиец“ кој силувал и брутално убивал жени во 90-те години.

Неговата ќерка Мелиса Мур морала да научи како да се соочи со фактот дека нејзиниот татко е монструм, факт кој го дознала кога имала 15 години. Таа долго време молчела и одбивала да разговара за тоа, но по долго време таа одлучила да ја раскаже својата приказна а со тоа се надева дека ќе им помогне на другите луѓе.

Мелиса за Би Би Си ја напишала својата исповед, а пред неколку години ги објави и мемоарите со цел да им помогне на луѓето кои се соочуваат со слични проблеми како нејзините. Нејзината потресна приказна започнува во 1995 година, кога е уапсен нејзиниот татко.

-Една од работите поради кои секогаш ми беше непријатно во негово присуство е фактот дека секогаш отворено зборуваше за своите сексуални врски. Детално опишуваше што правел со мајка ми и секогаш им се додворуваше на жените. И тоа утро и се додворуваше на келнерката. За време на доручекот ми рече: „ Не е се така како што изгледа. Знаеш, имам нешто да ти кажам драга. А ако ти кажам ти ќе и кажеш на полицијата. Јас не сум оној кој ме мислиш, сведочи Мелиса.

seriski1_thumb_medium380_0

Кит набрзо по тоа ја заборавил започнатата тема, но мелиса со години подоцна се прашувала што би се случило доколку и кажел за злосторствата кои ги направил, дали би заминала во полиција и би го предала?

По само неколку месеци од таа случка, „насмеаниот убиец“ го извршил неговото осмо убиство и завршил во затвор.

Кога нејзината мајка и кажала дека татко и е уапсен поради убиства, 15-годишното девојче не можело да поверува на зборовите кои и ги кажала нејзината мајка.

-Кога имав 5 години, пронајдов преслатки мачиња на кровот на нашата штала и ги изнесов надвор за да играм со нив. Кога мојот татко ги виде мачињата, се приближи и ги зеде во раце. Потоа ги закачи на коноп за сушење облека и започна да ги измачува. Се сеќавам на неговиот лик, беше насмеан и задоволен, додека јас врескав и го молев да престане. Подоцна ги пронајдов нивните тела и ги закопав зад куќата, раскажува Мелиса.

Кит бил уапсен поради убиство на неговата девојка Џулије Винингам, а на судењето признал дека убил уште многу жени. Тој рекол дека биле 160 на број, додека пак полицијата верува дека биле вкупно 8.

Мелиса се присетува на тоа како татко и се фалел за убиствата и анонимно им испраќал писма на телевизиите и весниците кои имале само насмеано човече. Од таму го добил и надимакот „насмеан убиец“.

-Таа 1995 година не можев да најдам баланс помеѓу сеќавањата кои ги имав за мојот татко и она што за него го пишуваше во весниците. Еден ден прочитав текст во весник каде мојот татко беше опишан како монструм и дека треба да биде убиен. Знаев дека имаа право да го напишат тоа, но сепак, тоа беше мојот татко! Од тогаш престанав да читам весници, објаснува таа.

Од тогаш и нејзиниот живот повеќе не е ист. Децата почнале да ја избегнуваат, затоа што нивните родители мислеле оти децата ќе им бидат во опасност ако се дружат со неа. А особено ги мачело тоа што таа е ќерка на сериски убиец. Знаеле дека ја носи неговата ДНК а тоа значи дека во себе носи зло…

Со тек на време Мелиса го запознала својот сопруг со кого има деца. Но, еден ден нејзината ќерка и поставила едноставно, но истовремено многу страшно прашање.

seriski3_thumb_medium380_0

-Мамо, сите имаат татко. Каде е твојот?

Мелиса ја излажала дека тон живее во Салему, а вистината била дека тој таму ја одлежува затворската казна.

-Го немам видено речиси 10 години. Откако ја објавив мојата книга, од него добив писмо: „Не сакам светот да ме осудува како татко. Единствено што погрешив е тоа што 8 пати направив погрешна проценка.„ Ете тој за убиствата зборува како грешка во проценка! Како може било која ќерка да продолжи комуникација со таков татко, запрашува таа.

Мелиса признава дека со години се залажувала себе дека нејзиниот татко и покрај тоа што направил многу лоши работи сепак неа многу ја сакал. Сето тоа се срушило кога еднаш нејзиниот дедо се вратил од посета на синот во затвор и раскажал како Кит му кажал оти планирал да ги убие и своите деца.