Балкан

Исповед на Кристина Фењсароши: Одев пеш на работа и ми се слоши…

Исповед на Кристина Фењсароши: Одев пеш на работа и ми се слоши…

Во средата наутро тргнав на работа. Затоа што немав пари за превоз, одлучив да одам пеш. На пат кон хотелот каде работев ми се слоши. Бев целосно дезориентирана, а кога се освестив бев во болница, ова во изјава за српски „Курир“ го вели Кристина Фењсароши, девојчето што на 3-ти јуни исчезна во Лондон.

Кристина останала без документи па затоа потрагата по неа се одложила.

-Штом се освестив, барав телефон за да разговарам со родителите, но тоа не беше возможно затоа што ми беше многу лошо. Затоа се јавив дури по неколку дена, вели таа.

Таа вели дека деновите во болницата и изгледале како цела вечност.

– Бев многу тажна, многу ми недостигаше семејството. Неколку дена пред да исчезнам се чувствував лошо. Никогаш не сум се одвојувала од родителите и од помладата сестра, за која сум многу врзана, вели таа.

Таа вели дека во хотелот каде работела имала проблеми.

-На почетокот се беше добро, но минатата недела имав проблем со некои вработени. Бев незадоволна затоа што за три недели ми платија само 32 фунти и останав без пари, наведува Кристина.

Инаку, татко и на Кристина веќе отпатува во Лондон за да ја земе.