Македонија

Исповед на мајката која се породи пред Гинекологија Чаир

Исповед на мајката која се породи пред Гинекологија Чаир

Папочната врвца ја пресекоа во болницата откако со количка нè зедоа мене и Анџело и нè пренесоа во салата, раскажува за „Дневник“ Перихан Kадри, мајка на бебето, кое само што се роди завчера напладне пред Гинеколошката клиника во Чаир.

Се породив сама назад во автомобилот, но бебето не падна на улица, туку остана на седиштето. Папочната врвца ја пресекоа во болницата кога со количка не земаа мене и Анџело и не пренесоа во салата, раскажа Перихан.

Порталите пренесоа дека откако мајката се породила во автомобил, бебето паднало на плочникот на паркингот пред болницата, а лекарите, наводно, не сакале да излезат и да помогнат. И покрај советите на лекарите да остане уште во болница, мајката решила да си замине дома, само еден ден откако се породила. Перихан потпишала изјава и на своја одговорност го однела дома бебето.

– Ништо не можеше да ја спречи да заминат дома со бебето, ова не е затвор, туку болница, а се правдаше дека има уште три деца за гледање, а и куќата ја бара. И по Законот за пациентите не смееме да ја задржуваме ако таа не сака повеќе да остане. Бебето е добро и не е вистина дека тоа паднало на плочникот. Точно е дека родилката се породила во возило, ја донел соседот, но потоа ги внеле во болница каде што со анестезија и е извадена постелката, а претходно пресечена и папочната врвца. Бременоста не била контролирана на гинеколог, појаснува д-р Мендух Јегени, директор на Гинеколошката клиника во Чаир.

Повеќе прочитајте на Дневник…