Исповед на парализирана невеста: Кумата ме турна во базен!

На својата моминска вечер во 2010-та година, Рејчел се здобила со скршеница на вратот кога една од нејзините идни куми ја турнала во базен.

Рејчел Фридман се веселела за својот голем момент кога ќе го каже судбоносното „Да“. Меѓутоа нејзината моминска вечер станала вистински кошмар. На забавата една од кумите ја турнала Рејчел во базен, поради што таа останала парализирана до крајот на животот.

Четири години по овој настан, сега дваесет и осумгодишната Рејчел се одлучила да проговори за својата трагедија.

Рејчел веднаш по падот останала парализирана. Нејзината бајка за среќен живот со својот партнер Крис завршила во тој момент.

Покрај се, храбрата девојка сочуствува со својата пријателка бидејќи е свесна дека станува збор за несреќен случај, кој ја вознемирува и таа девојка, а чуството на вина се уште е големо.

„Најверојатно чуството на вина ќе го носи со себе целиот жвот“, изјавила Рејчел.

Затоа се одлучила да не го кажува нејзиното име во јавност.

„Знаев дека на мојата пријателка ќе и биде тешко  кога ќе ја види приказната на телевизија. Тоа ќе ја натера повторно да ја преживее несреќата“, додала Рејчел.

Таа е шокирана од фактот  колку луѓето ја осудиле нејзината пријателка. Ја обвинувале дека таа е виновна за оваа состојба, иако се работело за несреќа која била последица на разиграност:

„И самата јас ја имам турнато неа во базен безброј пати. Улогите лесно можеа да бидат заменети. Несреќата сама по себе не ја одредува личноста, туку го одредува само начинот како човекот се одзива на несреќата“.

Рејчел се венчала со партнерот, а таа и Крис сега собираат пари за зачнување дете, бидејќи Рејчел не може сама да се носи со бременоста, туку ќе им биде потребна сурогат мајка која наместо неа ќе го носи плодот.

За своето простување таа е скромна: „Со одлуката да не ја осудувам, го држам своето достоинство и честа на својата пријателка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.