Исповед на полицаец: Занемевме од ужас кога го видовме телото на Ивана

Телото на Ивана било пронајдено од страна на полицијата, во близина на куќата каде 13 – годишното девојче било брутално силувано па убиено.

Убиецот Драган Костиќ е уапсен по пријава на Кристина Ковачевиќ уште една од жртвите на монструмот.

По пријавата, околу 30 инспектори на белградската полиција и форензичари, се упатиле кон напуштената куќа, која Костиќ ја користел за силување на своите жртви. Дворот, како што раскажале полицајците е запуштен иако куќата е до самиот пат.

– Влеговме во куќата, внатре се беше рушевина. Се беше испревртено и расфрлано, имаше некакви крпи на креветот и празни шишиња. Целосно запуштено место, но ни трага од телото на девојчето. Потоа тргнавме од куќата кон еден поток, кој од врнежите се претворил во езеро. Се беше поплавено, рекол изворот за српски Блиц.

ubistvo-bara500

Како што додава тој сите полицајци влегле во водата која им била до колена.

– Беше полно со ѓубре. На површина на езерцето имаше тела на мртви животни. Тогаш еден полицаец подигна сунѓер, под него видовме ќебе од кое се гледаше човечка нога. Претпоставуваме дека Костиќ е вмешан во исчезнувањето на Ивана и бевме подготвени на најлошто кога се упативме кон напуштената куќа. Но, во тој момент кога го видовме распаднатото и измачено тело на девојчето кое во декември требаше да наполни 14 години, кое било свиерепо убиено, сите занамевме од шок и ужас, рекол полицаецот.

Потоа форензичарите ја превзедоа работата и го извлекоа телото на несреќното девојче.