Исповед на жиголо: Заработив 1.000 евра за три часа!

Иан Филипс од Истбурн преку ден работи како инженер, а навечер е жиголо, кој на дамите, но и паровите им ги пружа своите услуги.

Своите искуства ги раскажал во емисија, каде признал дека има десетици клиенти, како и дека оваа работа му ја предложила мајката на неговата поранешна партнерка.

Иан моментално не е во врска, а вели дека неговиот начин на живот го привлекувал уште кога бил помлад. Откако завршил со манекенската кариера, тој одлучил да се испроба како жиголо.

Кога имав дваесетина гоини, мислев дека е супер да се работи како жиголо во Монако или на некоја егзотична дестинација. До своите четириесети години работев како модел, а по тоа ми се допадна помислата да се занимавам со ескорт. Дури и мојата поранешна тешта, која тогаш имаше 60 години, ми рече дека треба да се занимавам со оваа работа, раскажува Иан.

-Таа добро ме познава и знае дека имам манири, дека се однесувам како џентлмен. Затоа ми рече дека би било прекрасно кога пристоен маж како мене одведе жена во театар или на вечера, се потсетува Иан на неговите почетоци.

Идејата веднаш отворено ја открил пред своето семејство и пријателите, бидејќи не сака да има тајни пред нив. Сите го поддржале.

-Регистриран сум во некои агенции кои земаат процент. Еднаш заработив илјада евра за три часа бидејќи имав секс во тројка со богат млад пар во лондонски хотел, открива Иан.

Инаку наплатува 135 евра за првиот час од дружењето, а на дамите кои го „резервираат“ на подолг период им дава попуст. Сепак има едно правило до кое се држи – ништо набрзина!

-Не ми се допаѓа идејата да одиме во хотел и да имаме секс набрзина. Тоа ми е сувопарно, а јас помалку конзервативен, вели Иан, кој своите клиенти ги носи на пијалок за да ги запознае пред да „се фрлат на работа“. Со паровите се ноѓа во хотел.

Клиентите однапред прашуваат што точно да очекуваат, бидејќи не се согласуваат на груб секс. Благите садо-мазо варијанти се прифатливи, но инаку сака „обичен“ секс.

Иан признава дека имало ситуации кога мажи лажно се претставувале пред него како жени. Меѓутоа, негови најредовни клиенти се жените во педесетите години, иако ги има и оние кои имаат триесетина.

Овој средновечен жиголо вели дека постојат различни типови ескорт мажи, но тој сака кога дамите уживаат.

-Јас не им нудам искуство од порно филм, туку сакам да се почуствуваат посакувано и почитувано, открива Иан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.