Свет

Исповед: Татко ми ме силуваше бидејќи немаше пари за проститутки

Исповед: Татко ми ме силуваше бидејќи немаше пари за проститутки

Британката Силвија Прескот проговорила за страшна тајна која ја мачела со децении. Таа објави дека нејзиниот татко, Оливер Гарсајд, со години ја мачел и сексуално злоставувал додека таа била тинејџерка.

Силвија не можела да ја раскаже својата приказна додека била жива баба ѝ.  По смртта на нејзината баба, одлучила да отиде во полиција. Британката, која е мајка на синови кои се на  30, 29 и 25 годиншна возраст, жали што порано не пријавила во полиција. Нејзиниот татко, кој сега има 68 години, веќе е во затвор, каде одлежува затворска казна од осум години.

– Се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на другите девојки да ги пријават своите душмани. Бев толку преплашена. Сето тоа се случуваше долго и беше многу одамна. Конечно собрав сила – раскажува Силвија.

Во текот на судењето, таткото-монструм се бранел така што велел дека ја злоставувал својата ќерка бидејќи немал пари за проститутки.

– Останав шокирана, каква е таа одбрана? Каков е тој човек? – изјавија Силвија.