Испраќањето НАТО војници во Украина моментално не е на дневен ред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за финската телевизија МТВ3 изјави дека испраќањето на НАТО војска во Украина во моментот не е на дневен ред.

– Испраќање на НАТО војска во Украина не е на дневен ред. Ние нудиме на Украина сериозна политичка и практична помош. Го поддржуваме нејзиниот суверенитет и мировен процес, исполнувањето на договорот од Минск, како и помош во реформирањето и модернизирањето на украинските вооружени сили со цел зголемување на одбранбената способност на земјата, изјави Столтенберг.

Секоја земја членка на Алијансата сама треба да реши дали ќе достави оружје на Украина, истакна тој.

– Украина има право да се брани. Но, за доставата на оружје треба да реши сама секоја од земјите членки, истакна генералниот секретар на НАТО.

Ситуацијата со примирјето во Украина е „многу кревка“, но како целина режимот за прекин на огнот се почитува, констатира Столтенберг, додавајќи дека треба да се направи се, за што постои капацитет, за да се дојде до мирно, политичко решение на конфликтот и основа за трајно примирје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.