Испратила милион фунти на човек кој никогаш не го видела

Сара е жената која толку многу се заљубила во човек кого го запознала на интернет што му испратила милион фунти иако никогаш не го видела.

Таа со човекот од Милано се запознала на интернет пред 18 месеци. Својата неверојатна приказна Сара ја раскажа при гостувањето во емисијата на д-р Фил.

Со човекот по име Крис Олсен се допишувала 18 месеци, а во тој период станале многу блиски, па Сара сметала дека тој искрено е заљубен во неа.

Секој ден по 4 часа разговарале на телефон и се повеќе се зближувале, но никогаш не се сретнале очи во очи.

Сепак, тоа не ја спречило Сара да му испрати милион фунти, кои Крис ги користел за покривање на неговите кредити, хотелски сметки, адвокати и други трошоци.

Верувале или не, Сара си го продала и станот за да му плати кауција кога тој бил уапсен.

Она што е најчудно во целата оваа приказна е фактот што и покрај тоа што Крис бил обвинуван за изнудување на пари, таа верува дека тој искрено ја сака и дека не ја користи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.