Испукале панели на авион, принудно слетал на Сан Франциско

Американскиот авион на компaнијата „Американ ерлајнс“ кој полета за Далас од меѓународниот аеродром во Сан Франциско морал да се врати и да слета на истиот аеродром поради пукање на панелите, соопштија аеродромските власти.

Авионот на летот 2293 после пола час од полетувањето се вратил и слетал без инциденти и никој од 184 патници и шест членови на екипажот не е повреден, изјави портпаролот на Американ ерлајнс, пренесува АП.

Иако проблемот кој настанал е поврзан со притисокот, пилотската кабина не го изгубила притисокот и маските за кислород не биле употребени, додаде Милер.

Еден од патниците изјавил дека почувствувал тресење на трупот на авионот и бучење однадвор непосредно по полетувањео.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.